СЛЕДЕТЕ НЀ

Инфо

Новиот VW Caddy подготвен за лансирање (со видео)

Откако во февруари беше претставен, новиот Volkswagen Caddy од петтата генерација е подготвен за пазарно лансирање кое ќе се случи при крајот на идниот месец.

На почетокот на продажбата Caddy ќе биде на располагање во три изведби – како доставно возило, од него изведена патничка варијанта и како семејно повеќенаменско возило.

Maxi верзијата со продолжено меѓуоскино растојание, California камперската изведба и PanAmericana крос-варијантата со погон на сите тркала ќе следат наредната година.

За прв пат е искористена модуларната MQB платформа на Volkswagen која овозможува имплементирање мноштво нови, не само моторни технологии.

Исто така таа му обезбеди и подолго меѓуоскино растојание за 73 mm, што освен за попространата внатрешност влијае и за подобро лежење на патот.

Внатре Caddy нуди 3,1 кубни метри простор за товар во стандардната и 3,7 во Cargo Maxi верзијата, во која заради целосно редизајнирана задна оска ќе можат да се натоварат две евро палети.

Како и Golf, Caddy ќе доаѓа со широк избор погонски агрегати – три дизел мотори и по еден бензински, со погон на природен гас и плаг-ин хибриден.

Дизелите се дволитарски со 75, 102 и 122 KS, бензинецот има 114 коњи, TGi верзијата на метан 130, додека деталите за плаг-ин изведбата засега не се споменуваат.

Цените на петтата генерација на Caddy во Германија ќе стартуваат од 20.862 евра за доставната и 25.044 за патничката изведба.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Инфо