СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Не пуштаат електрични автомобили во подземна гаража

 

Локалните власти на гратчето Кулмбах на северот на Баварија одлучија да забранат влез на електричните и хибридните автомобили во една подземна гаража.

Одлуката е донесена во договор со пожарникарите, а причината е еден неодамнешен пожар во неа во кој изгоре автомобил со бензински мотор.

Звучи чудно, но логиката за ваквата одлука е што пожарите кај електричните автомобили се поинтензивни и постои можност бетонските делови на гаражата да испукаат, а армираното железо да се стопи.

Сепак колку и да се во право, ако оваа пракса се прошири тоа може да значи сериозна пречка за ширењето на електричните возила.

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот