СЛЕДЕТЕ НЀ
728x90

Актуелен Миг

Најавени нови субвенции за поеколошки возила

ВЛАДАТА НАЈАВУВА НОВИ МЕРКИ СО КОИ БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ ПОМОГНЕ ВО ОБНОВУВАЊЕ НА ВОЗНИОТ ПАРК, А СО ТОА И НА НАМАЛУВАЊЕ НА ЕМИСИЈАТА НА ШТЕТНИ ГОСОВИ. ДАЛИ КОНЕЧНО ЌЕ ДОЖИВЕЕМЕ КОНКРЕТНА РЕАЛИЗАЦИЈА?

Со првите есенски денови, во поголемите градови во државата, квалитетот на воздухот драматично се влошува. За оваа циклична појава, оправдано или не, погледот на надлежните јасно беше насочен кон возилата.

А каква е таа влада кој не се грижи за здравјето на својот народ. За да не го заслужи епитетот „никаква“ уште минатата година владејачката структура најави мерки со кои ќе се ублажи дејството од емисијата на штетни гасови кои излегуваат од издувот на (пра)старите возила.

Во меѓувреме испитувањата изведени од врвни странски институти (за подрачјето на Скопје), излегоа со резултати кои говорат дека во загадувањето на воздухот возилата учествуваат со едвај една петина.

За останатите (80%) загадувачи на ова место не би сакале воопшто да отвараме дискусија. Како и да е надлежните државни органи предложија мерки со кои требаше да се ублажат последиците од екстремно загадениот воздух.

Јавно беше кажано дека најголемите автомобилски загадувачи (кои исполнуваат Euro 2 или Euro 3 норми) ќе добијат субвенции за вградување на LPG или гасни уреди кои работат на компримиран природен гас (метан) во вредност не поголема од 300 евра. Според истиот тој план се предлагаа и субвенции при купување на нови хибридни или електрични возила во вредност од три односно пет илјади евра.

Што беше предложено, а што се реализира?

И? И се рабира, според добриот обичај практикуван од сите досегашни влади, сето тоа остана како добра идеја која никако не заживеа во ниту еден свој сегмент. За среќа, дојдоа потоплите денови, ужасно загадениот воздух беше оддуван, па игранката со субвенциите се подзаборави.

Сега, среде летни одмори, министерот за економија истрчува со нова идеја: државата со 3 илјади евра ќе го субвенционира купувањето на нови и користени возила кои ги исполнуваат минимум критериумите одредени со Euro 5 нормите. Притоа вредноста на ново купеното возило не смее да изнесува над 12 илјади евра.

Со овие мерки, кои сеуште се во фаза на разгледување и обезбедување средства, владата уште еднаш сака да покаже дека подготвено ќе го дочека ужасот наречен, екстремно загаден воздух.

Зошто сме скептични, па велиме „сака да покаже“. Затоа што барем засега од ветените мерки нема никаква трага. Сеуште не се обезбедени средства во буџетот за субвенциии при вградување на гасни уреди. На страна фактот што и овој предлог не е докрај разработен, а за обезбедување средства од буџетот и да не говориме.

Кој е планот!

Тие возила што ќе бидат заменети може да се задржат, или евентуални продадат, што пак здраво-разумски не тера на заклучок дека повторно ќе сообраќаат (и загадуваат) низ градот.

И каде е тука бенефитот? Само во субвеционирање на купувачи кои сакаат да си купат возило кое исполнува Euro 5 норма, а чини до 12 илјади евра!

Можеби се работи за недоразбирање, но министерот за економија не ги спомена од порано предложените субвенции за хибридни и електрични возила. Или владата се пишмани околу новите возила кои ги исполнуваат најновите Euro 6d Temp норми!

И на што да се надеваме после ваквата пируета со субвенциите? Одговорот сам се наметнува – во загадените денови многу веројатни ќе бидат рестрикциите за користење на постари возила. Ем нула пари од буџетот, ем мирна политичка совест со превземање на „мерки“. Да, и понатаму медицинските заштитни маски ќе бидат многу баран производ!

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг