СЛЕДЕТЕ НЀ

EV

Најавена Škoda Enyaq Coupe iV [видео]

 

Електричната Škoda Enyaq iV која ја имаше премиерата лани во септември ќе добие и купе верзија со поемотивен дизајн.

Најавена за пред крајот на годинава, таа во однос на стандардниот модел има изменет заден дел, поинаква линија на покривот и друга петта врата.

Измени во габаритите скоро и да нема – и Škoda Enyaq Coupe iV ќе биде долга 4,65 и ќе има меѓуоскино растојание од 2,77 метри, додека багажникот е со зафатнина од 570 литри.

Најавени се верзии со погон на задните тркала и електромотори со 179 или 204 коњски сили и батерии од 62 или 82 kWh, додека верзиите со 4×4 погон ќе имаат 265 и 306 KS и ќе доаѓаат исклучиво со поголемите батерии.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV