СЛЕДЕТЕ НЀ

Актуелен Миг

Ми-Да-Гранд Моторс отвори салон за Hyundai

Покрај досегашното импортерство на Ford, Ми-Да-Гранд Моторс во иднина ќе продава и возила од програмата на Hyundai.

Во новиот автомобилски центар кој се наоѓа на улицата „Босна и Херцеговина“ покрај возилата од марката Ford, компанијата Ми-Да-Гранд Моторс обезбеди рамноправен простор и за возилата од програмата на Hyundai.

Како што тврдат од компанијата, тие во понудата веќе ја имаат вклучено целата гама возила од популарниот корејскиот производител.

На пригодната свеченост одржана по повод отварањето на салонот, генералниот менаџер на компанијата, Дритон Заири истакна дека во новиот центар на Hyundai ќе бидат понудени сите постпродажни услуги на корисниците.

Исто така беше упатен повикот до интересентите за тест возења на посакуваниот модел од марката.

Современиот објект кој покрива корисна површина од 4. 000 m2 изграден според сите светски стандарди, има тендеција да прерасне во вистински автомобилски центар.

Освен понудата на возила од двете светски марки, како дел од балканската мрежа, „Аутото“ таму функционира и одделот за продажба на користени возила.

Во него може да се одбере возило од широката понуда на модели од повеќе популарни брендови.

Сето ова доволно зборува за сериозноста на настапот на Ми-Да Гранд Моторс на домашниот пазар на нови и користени возила но и на пристапот кој го негува компанијата кон сегашните и идни корисници на нивните услуги.

 

А.С.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг