СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Крај на пребрзото возење – електрониката ќе го спречува

 

Со одлука на европската комисија, сите нови модели возила од јули идната година ќе мора да имаат вградено функција која интелигентно ќе ја ограничува брзината.

Оваа функција наречена Intelligent Speed ​​Assistance – ISA која ќе може да се деактивира, може да биде имплементирана на повеќе начини.

Нејзиното присуство ќе биде задолжително за сите нови возила од почетокот на 2024 година, без разлика на категоријата – автомобили, доставни возила, камиони…

Ќе работи на принцип на картографски податоци од системот за навигација и/или од камерите на возилото кои ќе ги препознаваат сообраќајните знаци.

Производителите мора да обезбедат веродостојност на одредувањето на брзината (преку ажурирања на системот) во период од 14 години од производството на возилото.

Системот мора да го извести возачот за брзината која треба да се почитува, дополнето со звучни или предупредувања на некој друг начин кога таа се пречекорува.

Исто така, овој систем анонимно ќе собира податоци кои ќе бидат испраќани на надлежните служи на анализа, без да ги поврзува со одредено возило или возач.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот