СЛЕДЕТЕ НЀ

Инфо

Корејците имаат потполно нов кросовер за Европа [2*видео]

 

Како мал SUV во Б-сегментот, Bayon ќе биде најновиот и најмал член на проширеното корејско семејство на вакви модели.

Како да ги немаше доволно, Hyundai реши со уште еден свој SUV модел да ја закомплицира одлуката на своите фанови што да купат.

Наречен е Bayon и е далеку од некакви сериозни теренски искушенија, но доволно блиску да го привлече вниманието на секој возач.

За тоа ќе се погрижат компактните надворешни димензии и долгата листа интелигентни карактеристики, пред сé трендовски, а после тоа и безбедносни.

Во согласност со постоечката стратегија на Hyundai за именување на новите модели тој го носи името на регионалниот центар на францускиот дел на Баскија, кој воедно е и едно од најубавите одредишта во овој регион.

Тоа треба да ни асоцира дека и Hyundai Bayon е убав и удобен, воедно задржувајќи ги сите особености што карактеризираат моделите од оваа класа, како што се пространоста и подвижноста.

Тоа треба да биде поддржано со должината од 4,18 и меѓуоскиното растојание од 2,58 метри, кои од неговиот аспект овозможуваат совршена рамнотежа меѓу компактноста и практичноста.

За тоа како е дефинирана внатрешноста не треба да зборуваме. Излишен ќе биде и погледот под хаубата кој ќе ни открие 1,2 литарски мотор со 84 KS или пак 1,0 литарски 48-волтен T-GDi со 100 KS, кој за скептиците е достапен и без хибридна поддршка.

Првите испораки на Hyundai Bayon се очекуваат веќе на почетокот на летото.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Инфо