СЛЕДЕТЕ НЀ

Видео

Кинеско изненадување од Kia [видео]

Додека остатокот од планетата се подготвува за втор „корона-локдаун”, Кинезите си го живеат животот колку-толку нормално.

Така веќе не е вест дека таму единствено во светот се одржуваат салони на автомобили, туку, како и што треба да биде, што на нив е претставено.

Најновите информации за тоа пристигнуваат од кинескиот град Гуангџоу, каде на тукушто започнатиот салон на автомобилите Kia приреди изненадување.

Појавувањето на обновената верзија на Sportage го привлече вниманието не само на домашните купувачи туку глобално, иако се работи за сосема локален модел.

Имено од третата тамошна генерација Sportage се разликува од својата интернационална верзија и е изведен од Hyundai Tucson, кој на кинескиот пазар се продава како iX35.

Оттаму е и сличноста во дизајнот на новиот кинески Sportage доозначен како Ace, кој се произведува од страна на заедничката компанија Dongfeng Yueda Kia.

Визуелно масивниот преден дел со големата маска и малите светла практично е идентичен со новиот Tucson – разликата е малку во тигровиот облик на маската и браниците.

Задниот дел сепак драстично е поинаков, со светла како кај новиот Sorento и уникатна силуета како кај големиот Telluride.

Фотографии од Кина не стигнаа за внатрешноста на Sportage Ace, кој покрај дволитарскиот атмосферски мотор со 160 КС сега ќе се нуди и со 1,5 литарски турбо со 200 коњи.

И покрај впечатливиот изглед, мали се шансите и не треба да се очекува тој да биде пренесен и на интернационалната верзија на овој популарен SUV, која во Кина се продава како Kia KX5.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео