СЛЕДЕТЕ НЀ

Инфо

Какви стари автомобили всушност купуваме од Германија?

 

Усогласувањето на еден германски закон со европската регулатива ги дигна на нозе трговците со стари возила.

Се работи за закон со кој се регулирани гаранциските права на купувачите за широк спектар производи, вклучувајќи ги и автомобилите, без разлика дали се нови или стари.

Имено, одредбите на законот сега дефинираат дека ако на некој производ во рок од шест месеци се појави некој недостаток, тогаш се смета дека тој бил присутен и во моментот кога бил купен, освен ако продавачот не го докаже спротивното.

Тоа автоматски повлекува бесплатна поправка на производот во наведениот период, кој според новите измени треба да биде продолжен на една година.

А бидејќи трговците со автомобили во Германија многу добро знаат што продаваат, тие реагираа бурно барајќи од законодавците да се откажат од измените што ги предлага владата.

Причината според нив е дека со ова половните автомобили ќе поскапат за 10 до 20 отсто.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Инфо