СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Каде најлесно, а каде најтешко до возачка дозвола?

 

Американскиот он-лајн центар за обука на возачи Zutobi направи интересна споредба за тоа каде најлесно, а каде најтешко се стигнува до возачка дозвола.

Нивната ранг листа е базирана на седум критериуми, меѓу кои потребниот број часови обука, трошоците за полагање, потребните документи и секако тежината на испитот.

Според неа, најлесно се добива возачка дозвола во Мексико, каде се полагаат само тестови кои чинат 48 долари, и тоа со наполнети 15 години.

Следи Катар каде и полагањето практично возење е задолжително, а возачка дозвола се добива за 41 долар со наполнети само 14 години.

Понатаму на листата уште се Латвија (35 долари), САД (116 долари) и Канада (136 долари), каде возачка се добива со 16 години и полагање и практичен дел.

Поинтересно е на спротивниот крај на табелата каде, како земја, најтешко се доаѓа до возачка дозвола е наведена Хрватска.

Причина за тоа се големиот број потребни часови за обука – дури 85, тежината на испитите и вкупните трошоци кои се искачуваат до 1.288 долари.

Следат Бразил (295 долари), Унгарија (116 долари) и Бахреин (361 долар), а на петтото место, повторно изненадувачки, е Црна Гора (331 долар).

Македонија ја нема меѓу рангираните – објавени се резултатите за само 60 земји, по 30 каде е најлесно и каде најтешко до возачка дозвола.

Вкупно се оценети 108 земји, а за 87 не се добиени комплетните податоци за да можат да се оценат.

Но од тоа што е добиено се издвојуваат Пакистан, каде целокупните трошоци за добивање возачка дозвола изнесуваат едвај 1 долар и Бурунди каде возачката дозвола не е ниту задолжителна.

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот