СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

И Porsche 911 GT3 забранет во Калифорнија

 

Многумина за Калифорнија мислат дека е рај на земјата, но таа не е тоа за љубителите на моќните автомобили.

Премногу нечисти, премногу бучни, премногу бакар имале во сопирачките – Porsche 911 GT3 е  само еден од низата чија продажба во Калифорнија е забранета заради некоја од наведените или слични причини.

Додуша нема да се продава само верзијата со мануелен менувач, но тоа не менува ништо туку само го потврдува фактот дека властите сметаат дека на вакви асфалтни ѕверки не им е место во Калифорнија.

Претходно во декември истата судбина ја доживеаја и три перформансни верзии на Chevrolet Camaro.

Но корените на оваа приказна датираат многу одамна, уште од шеесеттите години, кога таму беа донесени стандардите за емисиите на автомобилите.

Прв автомобил што настрада беше Pontiac Firebird Trans Am, и тоа два пати, а слична судбина во тоа време имаше исто така и Corvette.

Но немојте да мислите дека ова се изолирани случаи – бројот на непожелните автомобили е далеку, далеку поголем бидејќи самите производители, не сакајќи да се бламираат пред остатокот на светот, воопшто и не ги понудуваат на продажба во Калифорнија ако сметаат дека им е ризично дали ќе ги исполнат сите нивни можни и неможни барања.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот