СЛЕДЕТЕ НЀ

EV

И Dacia ќе ја ограничува максималната брзина – на 180 km/h

 

Лимитатори на брзината во своите автомобили ќе започне да вградува и групата Renault, вклучувајќи ја и Dacia.

Следејќи го примерот на Volvo, и францускиот концерн се придружи на сега веќе новосоздадениот тренд за лимитирање на максималната брзина.

Со планот кој треба да придонесе за намалување на последиците од случените сообраќајни несреќи е вклучена и Dacia, чии возила исто како и оние на Renault нема да можат да постигнат повеќе од на 180 km/h.

Задолжен за тоа ќе биде системот Safety Coach, кој во зависност од локалната легислатива и моменталната ситуација ќе се грижи за лимитирање на максималната брзина на возилото.

Овој потег на францускиот производител следи по изјавата на Лука де Мео кој на годишниот состанок на акционерите го кажа својот став дека брзина е виновна за третина од загинатите во сообраќајот.

Според неговите зборови, ограничувањето на брзината не е лек, ама е вредно ако спаси макар и еден живот.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV