СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Има ли аргументи за (пре)високата цена на електричните автомобили?

 

Преминот од класични на електрични автомобили ќе биде прескапо платен!

Во тек е револуција во производството на автомобили.

Според предвидениот тајминг, на Европскиот пазар, нови возила со бензиски и дизел мотори ќе се нудат до 2035 година.

Потоа по салоните ќе гледаме само електрични возила (EV). Да секако, никој нема да забрани возење на класични автомобили. Бензинските станици сеуште ќе нудат горива за возилата произведени пред овој датум.

Во меѓувреме, моментот што го живееме слободно можеме да го наречеме како технолошка транзиција. Од ден на ден расте понудата на електрифицирани автомобили (хибриди), а уште поевиденто е појавувањето на целсоно електрични возила (EV).

На сметка на електрификацијата, очигледно е згаснувањето на големите бензиски мотори. Новите автомобили со V12-ки веќе се егзотика, понудата на V10 и така беше ретка појава, V8 моторите преживуваат само кај супер спортистите, а V6-ките во Европа никогаш не биле омилена тема.

Линиските турбо бензинци со мала кубикажа останаа да ја бранат честа на класичарите. Токму замената на големите мотори со помали турбо бензинци кои сега најчесто се комбинираат со електромотори почнуваат да доминираат во понудата.

Електричните возила сега за сега тешко го пробиваат патот до купувачите. Помеѓу оправданите причини секако се недостатокот на инфраструктура, ограничениот радиус на движење, спорото полнење на батериите, и најважното, ужасно високата цена.

Производителот што ќе се осмели да ја оправда безобразно високата цена на електричните возила, ќе се судри со следниве факти:

ЕV имаат погонски електромотори и систем од батерии. Додатно, мора да имаат и вградена електроника за менаџирање на електричната енергија.

А што немаа под хаубите? Истите тие автомобили немаат класичен мотор, а залудно таму ќе ги барате и менувачот, диференцијалите и останатите погонски склопови.

Немањето на ротирачки делови, ја брише потребата за пригушување на вибрациите, исто како што се случува и со отсуството на акустичната изолација. Едноставно, EV се далеку поедноставни за произведување.

Колку и да се трудиме со објаснувањата дека производството на класичните мотори и (автоматските) менувачи е развиено и производните бројки се енормно високи, сепак аргументите за повисоките цени на EV се прилично тенки.

Да, батериите се екстра трошок кои го немаат класичарите. Според Bloomberg, минатата година еден киловатчас од литиум-јонска батерија просечно чинел 122 долари.

Попластично кажано, EV со капацитет на батерија од 50 kWh има вгардена батерија со вредност од 6.100 долари.

Кај SUV изведбите, кои патем како класа доминираат кај EV, работите се уште поедноставни. Два елетромотора ја вршат целата работа за зголемување на тракцијата.

За да ја израмнине равенката тука ќе треба да го ставиме и развојот на платформите на електричарите.

Но побогу, се работи за универзални платформи, прилагодливи за модели од различни големини, кои поголемите производители (VW, Toyota,…) веќе ги нудат и без надокнада.

Дали е тоа доволна компензација за отсуството на „еден тон“ механички компоненти? Секако дека, не. Гледано од оваа позиција, причините за повисоките цени на EV навистина губат секаква смисла.

Така не мислат производителите, но ако им се верува на нивните финансиски извешатаи од минатата година, кои говорат за помало производство и далеку поголеми заработувачки, станува јасно на чија сметка се легнати парите.

И да не заборавиме, купувањето на EV земјите на Европа додатно го стимулираат со дебели субвенции.

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV