СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Естетска хирургија или хируршка естетика?

 

После четири години на пазарот, BMW X7 ова лето пристигнува во  редизајнирана и подобрена верзија со мотори до 530 KS.

Најголемиот SUV на BMW и досега имаше контроверзен изглед, но сека X7 по прашање на естетиката дефинитивно е уникатен на пазарот.

Се претставува со ново лице со предни светла поделени на два дела – горните се дневни а поголемите и пониско поставени главни со LED матрична технологија.

Маската која ги задржа импресивните димензии сега свети кога автомобилот се отклучува, а измени преживеаја и задните светла.

Согласно димензиите и позиционираноста на пазарот, X7 во кабината има издашна пространост и доаѓа во конфигурации со 7 или 6 седишта.

Опремата вклучува четиризонска клима, триделен панорамски покрив со LED точки кои создаваат ефект на ѕвездено небо, многу кожа, Bowers & Wilkins озвучување…

За погон се грижат три агрегати интегрирани со погон на сите тркала и осумстепен автоматски менувач.

Најслаб е дизелот со 352 KS од три литри колку што има и бензинецот моќен 380 KS, додека  на врвот е 4,4 литарскиот V8 со 530 коњски сили.

Првите испораки се планирани за август, кога и цените ќе бидат познати.

 

 

 

Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот