СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Дали вака ќе изгледа новиот Kia Sportage?

 

Новата, петта генерација на глобално успешниот SUV од компактната класа се очекува во третиот квартал од годината, но според некои информации од Кореја, новиот Sportage може да пристигне и многу порано.

На големо се шпекулира со појавувањето на новиот Sportage. Истите извори шпекулираат и со драматично променетиот изглед.

Тој според номенклатурата на Kia носи кодна ознака NQ5, а веројатно ќе биде на располагање со стандардно, но и со долго меѓуоскино растојание. Се претпоставува дека подолгата верзија ќе биде понудена само на кинескиот пазар.

Очекувањата се, предниот дел на новиот Sportage да биде радикално изменет, нешто налик на овој неофицијален рендер, но сепак тоа за сега спаѓа во доменот на шпекулации.

Затоа пак добро се знае дека Sportage NQ5 ќе ја искористи истата платформа како и актуелниот Hyundai Tucson, кој како што знаеме, преживеа комплетна трансформација.

Варијациите на тема, само преден или погон на сите четири тркала, се очекувани, исто како и 6-степени мануелни и 7-степени менувачи со двојна спојка.

Современата внатрешност и богата палета погонски опции кои ќе вклучуваат бензински, дизел, хибридни, милд-хибридни и плаг-ин хибридни мотори, исто така би требало да бидат на располагање на идните клиенти.

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот