СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Постарите модели на Honda заборавија како се мери времето

 

Сопствениците на Honda јавуваат за еден неверојатен проблем – часовникот во новата година им покажува погрешно време.

Според извештаите, по доаѓањето на новата година при секое стартување на возилото времето што го покажува часовникот се ресетира на 2 часот по полноќ 1.1.2002 година.

Проблемот не е глобален туку се однесува само на одредени модели на Honda и Acura во САД, Канада и Велика Британија произведени од 2004 до 2012 година.

Како причина јапонските инженери го споменуваат тоа како ГПС системите го мерат времето и ги истражуваат можностите за отстранување на проблемот.

Но засега сé што откриле е дека тој ќе исчезне сам по себе после август годинава, додавајќи дека тој не се одразува на останатите функции што системите за навигација ги имаат и дека тие работат целосно коректно.

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот