СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Германски моноволуменец со француска душа

 

Mercedes претстави концепт на луксузен електричен моноволуменец.

Како што претходно беше најавено, се работи за електрична верзија на T-класата која се подготвува во соработка со Renault.

Со други зборови кажано, под атрактивната каросерија на Mercedes EQT, како што е наречен, се крие идниот електричен Kangoo.

Тој во доставната верзија треба да го замени сегашниот Citan, кој сигурно ќе има далеку поприземен изглед.

Mercedes EQT е долг скоро пет метри и широк и висок преку метар и осумдесет сантиметри, што ветува доста простор за седумте патници во внатрешноста.

Таа на концептот изгледа прекрасно и доработена до најситен детаљ, така што би било навистина штета нешто да се загуби по патот до сериското производство.

Истото важи и за надворешноста, иако уште сега можеме да кажеме дека осветлената маска и големите 21-инчни тркала нема да ги видиме, барем не во оваа форма.

Во однос на погонот Германците не кажуваат ништо, ама од Французите дознаваме дека нивната верзија ќе има електромотор од 102 коњски сили и батерии од 44 киловат-часа доволни за автономија од 265 километри.

Пазарното лансирање на T-класата ќе биде идната а на Citan оваа година, додека за EQT уште не е одлучено.

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот