СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Во Турција започна производството на Hyundai Bayon

 

Hyundai Motor соопшти дека нивната фабрика во Турција стартувала со производство на новиот SUV Bayon.

Претставен пролетва, новиот Bayon е наречен според истоимениот француски град сугерирајќи дека е инспириран и направен за Европа.

Заради тоа и мораше да се произведува во Европа, иако, технички кажано, географски доаѓа од Азија бидејќи фабриката на Hyundai се наоѓа на тој континент.

Во оваа фабрика која започна со работа во 1997 година и во која се вработени 2.500 луѓе, се произведуваат i10 и i20, а сега и Bayon.

Има капацитет од 230.000 возила годишно, а во 2019 година го произведе своето двомилионито возило.

Продажбата на Hyundai Bayon во Европа треба да започне летово, по цени кои во Германија стартуваат од 16.790 евра.

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот