СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Внимание молам, ви го претставуваме e-Tron GT, најсилниот Audi до сега

 

Audi го претстави фасцинантниот e-Tron GT, кој со својата молскавична брза електрична технологија базирана на Porsche Taycan е директен конкурент на Tesla Model S.

Со новата спортска купе лимузина Audi покажува колку електричните автомобили можат да бидат фасцинантни. Вториот целосно електричен модел на марката воедно е и најсилниот Audi во историјата.

За неколку месеци кога ќе пристигне на пазарот e-Tron GT ќе се нуди во две изведби – со 476 коњски сили кои на кратко, во траење од 2,5 секунди, ќе скокнат на 530.

Посилната RS изведба која има системска моќност од 590 коњи, кои на исто така 2,5 секунди можат да е пораснат на 646.

Веќе самото тоа кажува дека перформансите на e-Tron GT го запираат здивот – забрзувањата до 100 km/h му се декларирани на  4,1 и 3,3 секунди во зависност од изведбата, а максималната брзина е ограничена на 245 односно 250 km/h.

И двете изведби имаат по два електромотора, еден напред и еден назад, што само по себе значи и дека погонот е на сите тркала.

Автоматскиот менувач има два степена на пренос, а батериите со капацитет од 85 kWh обезбедуваат автономија од 488 односно 472 километри.

Audi e-Tron GT е молскавично брз и при полнење. Максималната моќност на полнење што ја подржува со еднонасочна струја изнесува дури 270 kW.

Тоа значи дека за пет минути батериите ќе соберат доволно струја за 100 километри, а од 5 до 80 отсто во оптимални услови ќе се наполнат за помалку од 23 минути.

Фотографиите кажуваат доволно за неговиот изглед, а за опременоста цената од 99.800 евра за нормалната и 138.200 евра за RS верзијата.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот