СЛЕДЕТЕ НЀ

Актуелен Миг

Владата ја укина дополнителната акациза за дизел горивото

 

Профункционира системот на варијабилна акциза за дизелот – сега висината на акцизата ќе се одредува во зависност од цената на нафтата на светската берза.

Со измените направени во Законот за акцизите донесен во април годинава се прифаќа варијабилна маргина која е поврзана со цената на барел нафта на светската берза со што се осигурува да нема високи амплитуди на цените на горивата.

Така, ако цената на нафтата на светската берза расте, оваа маргина ќе се намалува што ќе влијае на крајната цена на горивата.

Според законското решение дополнителната акциза од три денари кај бензините е предвидена доколку цената на светската берза е под 390 долари за тон.

Ако е помеѓу 390 и 590 долари за тон дополнителната акциза изнесува 2 денари и ако е над 590 долари за тон тогаш дополнителната акциза е 0 денари, односно се укинува.

Кај дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство е предвидена дополнителна акциза од 3 денари ако цената на светската берза е под 400 долари за тон.

Дополнителна акциза од 2 денари е предвидена кога на светската берза цената се движи помеѓу 400 и 600 долари за тон, а доколку цената е над 600 долари таа изнесува 0 денари.

Пресметано според оваа метода а земајќи ја моменталната цена на светските берзи, Регулаторна комисија донесе одлуката за укинување на дополнителната акциза кај дизел горивото, односно за намалување на акцизата, па така цената на дизелот се намали за 2 денари.

Претходно беа исполнети условите за укинување на дополнителната акциза кај бензините.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг