СЛЕДЕТЕ НЀ

EV

Адвокатите на Tesla против глувците

 

Tesla има нови љубители – глувците.

Имено, заради користењето еколошка (и поевтина) изолација на жиците направена од соја место класичната која се добива на база на нафта, возилата на Tesla им се допаѓаат на глувците.

Не е новост тие во алтернативни начини во потрага по храна да изгризаат електрична изолација на некој автомобил, но новост е за адвокатите на Tesla кои сé почесто мора да се справуваат и со тоа.

Имено, калифорнискиот производител во вакви случаи не ја признава гаранцијата на возилата, велејќи дека тоа воопшто не е во негова контрола.

Со тоа, нормално, не се согласуваат сопствениците на скапите електрични возила, кои за санирање на штетите плаќаат и по неколку илјади долари и чекаат и по повеќе од месец дена на поправка.

Проблемот со глувците кои ги сакаат возилата на Tesla, велат американските медиуми, посебно е изразен во Њујорк.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV