СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

VW на мака со откупените TDI автомобили во Америка

Со аферата „дизелгејт“ откриена од американските регулаторни тела беа опфатени околу 480 илјади возила кои требаше да бидат отстранети од сообраќај.

По изгубената судска постапка, Volkswagen беше приморан од пазарот да ги повлече сите возила со дизелски агрегати во кои беше вграден измамнички софтвер.

Да потсетиме, пред точно четири години, Aмериканската агенција за заштита на природната средина (EPA) откри софтвер кој во лабораториски услови покажува многукратно помала емисија на штетни гасови, поготово на отровните азотни аксиди (NOx).

Германскиот производител таа измама засега ја плаќа со околу 25 милијарди долари, па затоа на сите можни начини гледа да ја ублажи настанатата штета.

Во пакетот, кој непрекинато го зголемува негативното салдо, се вклучени откупот на TDI возилата, нивното складирање, евентуалната репарација, и на крајот, уништување на дел од нив.

Голфови, џети, пасати потоа модели на Audi, кои носат дволитарски и тролитарски дизел (TDI) мотори се паркирани на вкупно 37 големи површини кои се рапостранети низ цела Америка. За таа намена се искористени карго аеродроми, делови од пустината Мохаве, големи паркирни површини во Детроит, Балтимор, Сиетл, …

Моментално на големите паркиралишта, бројката од 480 илјади откупени автомобили е намалена на само една третина.

Добар дел од таа бројка, односно околу 150 илјади, поради економска неисплатливост за технички интервенции (голем број поминати километри или лошата целокупна состојба) се уништени.

По техничките интервенции кои освен апдејтирање на софтверот опфаќаат и промена на DPF филтерот како и вградување на нов SCR филтер, Volkswagen ги продава како половни возила, а бројките на месечно ниво изнесуваат помеѓу 8 и 10 илјади автомобили.

Покрај сите напори за целосно расчистување на аферата „дизелгејт“, сепак  остануваат уште околу 150 илјади примероци кои се надеваат на својот втор живот.

Како и да е (оправдано или, пак, не) американците го „решија“ Volkswagen, и тоа на подолг рок. За такво нешто Европа немаше сили да се избори, па така околу десет милиони возила под значките на Volkswagen, Audi, Seat, Skoda, Porsche, опремени со некогашната икона на дизелскиот свет, сеуште сообраќаат (и поприлично загадуваат) низ континентот.

Е сега замислете каква е ситуацијата кај нас каде што се увезуваат далечните предци на моделите од Volkswagen групацијата.

 

 

(Фотографиите се преземени од електронското издание на Autobild.de)

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот