СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Uncategorized

Volvo V60: Караван кој е многу повеќе од тоа

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: VolvoV60_b not found
Unite Gallery Error:

Gallery with alias: VolvoV60_a not found

 

Volvo својот караван со средна големина, V60 го нуди со целосно нова естетика, високо ниво на безбедносна опрема и палета од еколошки мотори. Го возевме дизелот со 150 КС и ниво на опрема, Momentum.

Лего коцкичките се веќе минато. Барем кога е во прашање моделирањето на шведските возила. Volvo со караванскиот V60 прави вистински естетски пресврт.

Ако го тргнеме знакот, ретко кој би го погодил местото на раѓање на овој стилски караван. И ретко ќе се најде некој што ќе има нешто против таа драматична промена на изгледот.

Од променета на власништвото во 2010 година, кога мнозинските акции на компанијата преминаа од американски Ford во кинескиот гигант Geely, швеѓаните бележат постојан раст.

Не се само продажните бројки во прашање – моделската офанзива е пропратена со извонредно висок квалитет на изработка.

Дали тоа повторно говориме за квалитетна алтернатива на германските премиум брендови. Дефинитивно, да. По добивањето на најпрестижната европска награда, Автомобил на година, која за 2018 ја понесе компактниот SUV, XC40, на ред за темелна промена дојде и караванот со средна големина, V60.

 

 

 

Товарен простор за софистицирана употреба

Да немаме забуни, на пазарот постои мноштво каравански изведби кои располагаат и со значително поголем товарен простор отколку што се нуди во Volvo V60.

Дури и претходникот беше по дарежлив во однос на понудениот простор за товар. Но дали тоа е најважниот податок кога се говори за караванска изведба на еден премиум бренд? Секако дека постојат низа својства на кои швеѓаните им даваат предност во однос на габаритноста на товарот.

Квалитетот на изработката, на пример! На таа позиција никој во Volvo не смее ниту да подискутира. Еве погледнете го V60 и сé ќе ви стане кристално јасно. Вкупната тежина на караванот од над 1.7 тона е еден добар показател. А кога на „материјал“ не се штеди тоа е двоен проблем за производителот – како прво: тој податок е тешко воочлив, и како второ, без минат труд направениот трошок тешко може да се наплати.

За среќа, Volvo произведува автомобили уште од 1927 година, па не мора баш многу да се објаснува кој е и според кои принципи се раководел сиве овие години. Бидејќи сепак се работи за караван, за лубителите на товарањето да го кажеме и капацитетот на товарниот простор: минимлни 529 и максимални (со спуштени задни седишта, 1.441 литри). За вистинските господата, сосема доволно.

 

Во горниот автомобилски дом

Volvo V60 е поставен на платформа со меѓусокино растојание од поприлично големите, 2.872 mm. Тоа добро се чусвствува при возење, а поготово позитивно влијание има врз просторната понуда на задните седишта.

Според овој параметар, кој е на средина помеѓу директните конкуренти Mercedes C-Class T и BMW Serie 3 Touring, шведскиот караван јасно ја демонстрира својата припадност.

Вградениот дизел од два литра може да ослободува 190 или како во возениот модел само 150 КС. Велиме ‘само’ затоа што мулти линк врските вградени на предната и на задата оска имаат капацитет да поднесат многу поголеми оптеретувања отколку забрзување од 9.9 секунди и максимална брзина од 205 км/ч. Автоматскиот менувач со осум степени на пренос ја надополнува сликата за глатко и мазно возење.

 

Дванаесет нијасни сино и една црвена

На крајот, а може и на самиот почеток, стои обликот кој јасно беше наговестен од господата XC 90 и S90, па потоа продолжен со супер успешниот XC 40. Издолжената и ниска силуета оддава впечаток на екстраваганција и висок стил. Во позадина на појавата силно се чувствува присуството на едноставна елеганција, формирајќи ја така целината која се перцепира како современа и стилска автомобилска креација.

Внатрешноста е приказна за себе – светла, ергономска и пред се квалитетно изработена.

Споевите на различни материјали изведени со врвна прецизност даваат до знаење со која посветеност кон деталите и беспрекорната нивна изработка пристапиле конструкторите.

Седењето е беспрекорно а командувањето лесно и интуитивно. Дали е потребно воопшто да ја отвараме темата, безбедност.

Можеби само забелешката дека сите системи кои актуелнo се вградуваат кај најбезбедните модели кај останатите производители, се иницирани или развиени директно од Volvo.

Зaтоа и поставената цел, да до 2020 нема ниту еден настрадан или посериозно повреден патник во возилата на Volvo, има потполна смисла.

Нашата единствена забелешка оди на сметка на големиот „таблет“ кој иако се командува едноставно, сепак одзема внимание при возење. Всушност оваа забелешка оди на адреса на сите производители кои како да се натпреваруваат кој ќе вгради поголем екран.

Да, амбициозноста на проектот Volvo V60 се огледа и во богатата палета на бои кај кои доминираат нијансите на сивата боја, … и секако една црвена. Според можностите за персонализација на естетиката, функционалноста и опремата, секој ќе може да си порача оригинален Volvo V 60.

 

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

мотор   …………………………  дизел D3, 4 цилиндри, 1.969 ccm, Twin Turbo, 16 вентили, Euro 6d Temp

макс. силина  …………………  110 kW / 150 КС @ 3.750 (врт/мин)

макс. вртежен момент  ……..  320 Nm @ 1.750 – 3.000 (врт/мин)

димензии  ……………………..  4.761 x 1.850 x 1.427 (mm)

багажен простор ……………..  529 литри

макс. брзина  …………………  205 км/ч

забрзување  0-100 km/h  ……  9.9 сек.

тежина на празно возило …..  1.735 kg

комбинирана потрошувачка ..  4.7 л/100 км (CO2 – 123 g/km)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Uncategorized