СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Mercedes GLB: Алка која недостасуваше

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: m_bGLB not found

 

SUV возилата базирани врз основните модели од „А“и „Ц“ класите веќе се одомаќени кај купувачите. Логично, во оваа низа недостасува SUV направен врз основите на B Class – токму таков модел беше претставен на автомобилската смотра во Шангај.

Од германските премиум брендови, во 2018 година, најуспешен беше Mercedes-Benz. Во постигнувањето на рекордните продажни бројки SUV моделите учествуваа со 820 илјади примероци, односно, со безмалку една третина.

Трендот на зголемена побарувачка мора да биде соответно поттикнат – тоа е насоката во која размислуваат планерите на „мерцедес“.

А кога во витрините се поседува технолошка резерва која може да биде корисно реплицирана, еве одлична шанса за додавање на уште еден модел на производното портфолио.

Употребувајќи ја платформата врз која се произведуваат А и Б – класите, позната како MFA2, на најголемиот светски пазар, германците ја претставија концептната изведба на, GLB.

Епитетот „концептно“ тука е употребен само за да биде оставен простор за сериската верзија која треба да биде прикажана на есен, во Франкфурт.

Ако се погледне естетиката (без „циркуските“ пневматици) позначајни промени на серискиот модел не се очекуваат.

И сега ако некој очекува дека новиот SUV ќе се смести помеѓу GLA и GLC, веројатно ќе остане изненаден. Имено, GLB според изгледот е најблизок до легендарниот “G-Class”.

Оваа појава никој нема да ја помеша се друг модел. Оригиналниот изглед е пропратен со височина (1.89 m) која ќе ги надмине поглемиот број купувачи.

Должината од 4.63 m за нијасна е над конкурентите од компактната класа, но затоа пак токму таа е заслужна за можност на вградување на трет ред седишта.

Според традицијата – тоа го дозволува и платформата – GLB ќе има можност за погон и на двете оски. Во тој случај распределбата на вртежниот момент варира од 20:80 до 50:50 во корист на задната оска, а во зависност од избраниот мод за возење.

Од „мерцедес“ уверуваат дека сите безбедносни технологии ќе бидат понудени и во нивниот најнов SUV. Ете, водени по некој инерција, нема причина да не им се верува.

По три бензински и дизел мотори (сите со по четири цилиндри) ќе фигурираат на ценовните листи уште од службеното претставување, а на целосно електрична варијанта, EQB  веројатно нема долго да се чека.

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV