СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Mercedes EQC: Конечно, мерцедес на струја

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: M_EQC not found

 

Mercedes во Шведска  го лансира својот прв целосно електричен автомобил EQC кој воедно претставува и прв модел од новооснованиот суб-бренд, EQ.

Штудгартскиот производител светот го познава како изумител на првиот автомобил, но и како лидер во аплицирање на новите технологии.

Истото не можеме да го потенцираме кога се работи за електрично покренуваните возила, но тоа е одлука на нивните стратези и одговорните за имиџот на најстариот светски производител.

Иако со прилична временска дистанца од сериското појавување на првите возилата кои се движат само со помош на електричната енергија – на пазарот веќе се присутни Tesla Model X, Jaguar I-Pace, а во најава е и Audi e-tron – сепак кога се работи за нов производ со трокрака ѕвезда на носот настанот предизивикува безмалку хистерична лубопитност.

Тоа си е така ширум планетава. Лубопитноста околу вградената технологија трае и неколку дена по службеното претставување на Mercedes EQC, и тоа како од потрошувачите така и од останатите производители.

По прегледување на првичните податоци на електричниот SUV, мислењата се поделени: од таквите кои со воодушевување говорат за првиот електричар од Штудгарт, па се до скептиците кои очекувале многу повеќе од првиот модел на суб-брендот, EQ.

Ако ги тргнеме на страна личните очекувања и ја погледнеме технолошката основа тогаш ќе се соочиме со низа факти и аргументи кои доволно гласно говорат за да се даде првично видување за возилото.

Mercedes EQC според својата архитектура е SUV кој според димензиите најблиску е до моделот, GLC. За секој случај тука е последната буква која јасно укажува на припаѓачката класа.

Двата електромотора сместени на двете оски енергијата ја црпат од модуларен сет на литиум-јонски батерии со капацитет од 80 kWh (може да се зголеми до 110 kWh).

Сетот на батерии е сместен на подницата помеѓу двете оски а се лади (по потреба може и да се загрева) со течност, факт кој овозможува оптимално трошење на акумулираната електрична енергија.

А таа е неопходна за придвижување на синхроните мотори со вкупна силина од 320 kW (408 КС) кои можат возилото да го забрзаат до максимални, ама електронски ограничени, 180 км/ч.

Станува вообичаено за потрошувачката на енергија да се даде податок од новите WLTP (Worldwide harmonized Light vehicles Test Procedure) норми кои во случајот изнесуваат 22.2 kWh за изминати 100 км.

Според оваа пресметка јасно е дека максималниот домет со едно полнење би изнесувал околу 450 км, но колегите кои имаа прилика да го возат тврдат дека при секојдневна употреба таа бројка сепак е преоптимистичка.

Основна специфика според која Mercedes EQC се раликува од конкурентите е менаџирањето на работата на електромоторите.

Кога се вклучени двата економични мода тогаш во функција е само моторот на предната оска но кога ќе се покаже потреба за поголема можност тогаш автоматски се вклучува и моторот сместен на задната оска.

Во тој случај имаме интегрален погон кој, пак, се менаџира од контролна единица која го распределува расположливиот вртежен момент на оската која има подобар контакт со подлогата.

Повторно за батериите: нив ги произведува компанијата Accumotive која е во соптвеност на Mercedes, а вкупно тежат цели 650 kg. Нивното полнење од 10 до 80% изнесува 40 минути, но внимавајте ако батериите ги полните во сопствената гаража тие можат да бидат оптеретени со максимални 11 kW па затоа полнењето ќе потрае поприлично.

Од дизајнерски аспект Mercedes EQC е типичен SUV (4.76 x 1.88 x 1.62) m кој нема одвишок желба да се истакнува. При влезот во  внатрешноста добредојде ќе посака амиент кој веќе го видовме кај новата А-класа.

Првите примероци во продажните салони се очекуваат идната пролет по цена (во Германија) која започнува од 75 илјади евра. Ете така стојат работите со првиот целосно електричен автомобил на Mercedes. Идните планови на ова поле им се чиста драматика.

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот