СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Karlmann King: SUV за кој треба да се издвојат рекордни, 1.7 милиони евра

 

Кинескиот производител успеа да произведе супер луксузен SUV кој делува како комбинација од бетмобил и стелт фајтер.

Некој го перцепира како реален а други како екстравагантен и непрактичен SUV. Веројатно и едните и другите (делумно) се во право. Но и за едните и за другите тоа е нјаскапиот SUV на пазарот. И најоткачен, секако.

Karlmann King, малку познатиот кинески производител, за него бара околу 1.725 милиони евра односно точно колку осум примероци од екстравагантниот Bentley Bentayga.

За таа противвредност се добива возило кое е изработено од карбонски влакна и челик, кое може да се преработи и во блиндирана варијанта. Надворешноста е микс од џет фајтер со стелт технологија и автомобилот со кој се прослави Бетмен.

Внатрешноста раскажува приказна која е споредлива само со некој супер луксузен хотелски апартман од Лас Вегас. Мноштвото од телекомуникациска, и опрема за забава се надополнува со фрижидери од кои во кристални чаши се пие студено шампањско. Да, ако заглавите во некој дивина, може да си ја вратите концентрација и со свежо скувано кафе.

Замислете, ова чудо има и погонски мотор; V10-ката од 6.8 литри развива 360 КС кои обезбедуваат максимална брзина од 140 км/ч. Ако овој податок ви изгледа прескромен сетете се дека овој KING во полна опрема тежи преку пет тона.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот