Curtiss Zeus V8: Електричен мотоцикл со батерии во V8 формација
10/07/2019

Curtiss Zeus V8: Електричен мотоцикл со батерии во V8 формација

 

Наредната година, Curtiss, американскиот производител на електрични мотоцикли, ќе го лансира прототипот Zeus V8 кој има сет од батерии распоредени во облик на погонски V8 мотор.

Електричниот мотоцикл со минималистички ретро облик веќе може да се нарача по цена од 75 илјади долари.

Производителот гарантира испорака во наредната година. Иако никој не очекува некоја голема редица на чекање, сепак интересот е евидентен – барем така тврдат од Curtiss.

Кој е всушност Curtiss? Стартап компaнијата е формирана во 2017 година, но корените се влечат уште од времето кога компaнијата произведувала класични мотоцикли под брендот, Confederate Motors.

Во 2018 година паралелно со производството на импресивни мотоцикли со класични мотори се развива и првиот прототип на електричен мотоцикл од серијата Zeus.

Точно година дена потоа компанијата го претставува вториот прототип од серија, кој сега има поинаков облик, и што е најважно, батерии во облик на V8 мотор.

Ако ланскиот прототип имаше батерии кои силно асоцираа на боксер-мотор, кај најновиот примерок батериите се поставени во облик на надолжно сместен V8.

Тие батерии имаат капацитет од 16.8 kWh што претставува гаранција за солидна автономија. Во електричниот мотоцикл е вграден мотор кој испорачува максимални 217 КС, а погонот до задната оска се одвива преку посебно дизајниран ремен.

Прототипот Zeus V8 е изработен од внимателно одбрани материјали како што се карбонски влакна, алуминиум и титаниум, па затоа и високата цена од 75К долари може лесно да се оправда.

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?