Bugatti Chiron ја помери границата до 490 км/ч (видео прилог)
04/09/2019

Bugatti Chiron ја помери границата до 490 км/ч (видео прилог)

 

На фабричката патека на Volkswagen, Bugatti Chiron успеа да постигне брзина од 490.48 км/ч со што стана првото класично хипер спортско возило кое опасно се доближи до волшебната граница од 500 км/ч.

Специјално преработен Bugatti Chiron, на фабричката патека на Volkswagen успеа за прв пат да ја надмине границата од 300 милји на час (возеше со 304.77) односно со точно 490.48 км/ч.

Тоа претставува нов свететски рекорд за возила придвижувани со класичен мотор и опасно доближување до волшебната граница од 500 км/ч.

Рекордот е постигнат на тестната фабричка патека Ера-Лесјен, Германија, и тоа од неколкукратни обиди.

Иако рекордот е постигнат на втори август, неверојатниот резултат е соопштен месец дена покасно, а тоа е направено поради додатни проверки од страна на екпсертите од TŰV кои ги споредуваа резултатите од неколку независни мерни системи.

Убаво е да се знае дека зад управувачот на три милиони вредниот Chiron седеше фабричкиот тест возач, Енди Волас. Секако и тој, како и целата екипа од врвни експерти ангажирани на овој проект, си го заслужуваат местото во историјата.

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?