Mercedes-AMG R50: Првиот хипер спортист на Мерцедес?

Mercedes-AMG R50: Првиот хипер спортист на Мерцедес?

 

Идната година, AMG спортскиот оддел на Mercedes-Benz слави 50 години од постоењето. Поради убавиот јубилеј спортистите од најстариот светски производител решиле да се почастат со конструрирање на хипер автомобил со 1.300 КС

s1

Да се потсетиме: моментно, болидите од Formula 1 имаат хибридни мотори со шест цилиндри и волумен од 1.6 литри.

Максималната силина која ја ослободуваат не се соопштува, но познавачите калкулираат со бројка од околу 900 КС. По игра на случајот (!!!) веќе трета година по ред таму доминираат „сребрените стрели“ на Mercedes-AMG.

Кога конструкторите (AMG) на ист тој болид имаат добар повод за прослава, јавноста со право очекува барем дел од таа врвна технологија да ја вкуси во некој сериски продукт. Замислено, сторено.

Ако се повикаме на информацијата лиферувана преку германски Auto Bild, за идната година Mercedes-AMG планира производство на 50 примероци од хипер спортистот, сугестивно наречен, R50.

 

s2

1.300 КС за 1.300 kg

Засега е познато дека централно сместениот турбо мотор ќе има само два литра зафатнина и ќе ослободува рамно 1.000 (и со зборови: илјада) коњски сили, а хибридната компонента ќе помага со генерирање на додатни 300 КС.

Двата електрични мотори (по 150 КС) ќе бидат сместени на предната оска додека силината на бензинецот ќе биде спроведена на задната оска.

Монокок шасијата, како што и доликува, е изработена од карбонски влакна и обезбедува вкупната тежина да не надмине 1.300 kg. Внимавајте, говориме за сериски модел кој е опремен со најсовремени безбедносни системи. И луксуз својствен на најдоброто од најстариот светски производител.

 

Зошто споредби со болидот од Formula1?

Интересна коинциденција на бројки која односот на силина и тежина го сведува на бројка, 1:1, а тоа на полето на хипер спортски машини е значаен фактор во постигнувањето на рекoрдни перформанси.

Ексклузивноста на Mercedes-AMG R50, ќе биде обезбедена со малата серија од само 50 примероци, а очекувана цената ќе биде помеѓу 2 и 3 милиони евра!

 

 

 

 

 

1 Коментар

  1. Јовица30/07/2016, 08:04 Остави коментар

    Нема коментар, чудо од техника, дизајн и се друго што го има. А и цената го покажува тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?