Родителите повторно паднаа на испитот на зрелоста

Родителите повторно паднаа на испитот на зрелоста

 

Матурските забави уште еднаш го потврдија нашиот крајно неодговорен менталитет – дозволувајќи им на децата сами да управуваат со возилата, прославите ги претвараме во опасно загрозување на сообраќајната безбедност.

1

Балканот не би бил тоа што е без претерани емотивни изливи и претерувања од секој вид. А ние, нели сме центар на Балканот.

Е па баш и така се однесуваме кога треба нашите деца соодветно да ги подготвиме за матурската вечер. Еднаш се станува матурант, и тука престануваат да важат сите логики. Таа изопачена логика, за жал, важи и за одењето до местото на прославата.

Мамините и татините синови и ќерки таа вечер го смеат и тоа што инаку никој при здрав разум не би го дозволил. Дај му ја на детето колата, е најчесто слушаната реплика.

Замислете сега, синот стасал сам да ја земе партнерката и заедно да одат на прослава на денот на полнолетноста. Родителска гордост, убавини! Ама, ова АМА знае многу често да заврши лошо, многу лошо. Матурантот, под услов и да има возачка дозвола, тој ниту теоретски не може да има возачко искуство.

maturaДодајте ја на тоа и адреналинската еуфорија предизвикана од “настанот“ еве совршена прилика за комбинација на лош сплет на околности. А тоа ниту еден родител не го посакува, нели, ама свесно или несвесно обилно помага да се случи!

Алкохолот, колку и да се консумира умерено, додатно ја зголемува еуфоријата и пропорционално ја намалува способноста за рационално однесување.

Резултатите од оваа пеколна комбинација, секој мај месец, можеме да ги прочитаме по полициските извештаи. И најчесто на тапет се “децата“ без притоа да се осврнеме на родителите кои, без никаков сомнеж, се најголемите виновници за масовното загрозување на сообраќајната безбедност. Својата и туѓата!

А се може едноставно да се реши со еден повик на некоја такси компанија. Во однос на севкупниот трошок тоа е само трошка, а за возврат ничие расположение, а скраја било ниту здравје, нема биде нарушено. Да, нашиот матурант ќе изгледа малку поскромно, но погледнете го влогот и ризикот на кој го изложувате своето дете давајќи му баш таа вечер да управува со возило.

Драги родители, време е еднаш и вие да пораснете – НЕ дозволувајте вашиот матурант сам да се одвезе на прослава. НЕ му правите услуга, напротив, го изложувате на предизвик кој многу често не може да го совлада! А тоа не го посакувате, нели?!

 

P.S. Илустрациите се одбрани да ја прикажат убавата страна од прославувањето на матурската свеченост!

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?