Им нема крај на проблемите на Volkswagen!

Им нема крај на проблемите на Volkswagen!

 

Мега аферата со измамничкиот софтвер на дизел агрегатите беше само почеток на неволјите за несудениот најголем светски производител.

VW-DIESELGATE-Grexit-car

Се започна со Dieselgate аферата. Последиците сеуште не можат да се согледат во својата вистинска димензија бидејќи споровите сеуште траат.

Многу држави, па и независни институции, најавија или веќе поднесоа поединечни тужби. Од друга страна регулаторите од САД не го прифатија планот на VW за обештетување на 482 илјади корисници.

Споредните појави: губење на вредноста на акциите, огромна штета на угледот, редефинирање на стратешките цели, … можат да значат уште поголема штета отколку директното финансиско обештетување.

Сега се чека нов, малку пореален предлог од германците. Во меѓувреме TDI моторите, како главен столб на страгијата на Volkswagen, полека се повлекуваат од понудата, станувајќи дел од една финансиски коњуктивна но технички крајно компромитирачка ера.

Опасни главоболки

Потоа следеше отповикување поради неисправните Takata воздушни перници, но тука нема вина на Volkswagen. Таката своите воздушни перници ги продава речиси на сите поголеми светски производители. Од сите проблеми овој најмалку наштети на угледот. И на касата, се разбира!

561016Но грешка и тоа многу опасна е откриена кај луксузните SUV-ови Volkswagen Touareg и Porsche Cayenne. Кај вкупно 800 илјади примероци произведени помеѓу 2011 и 2016, може да заглави педалот на сопирачката.

Се работи за механички проблем кој може да предизвика кршење на педалот а со тоа и невозможност за употреба. Тука веќе никој од VW не беше доволно храбар да бара оправдување.

Најновата во непрекинатата серија лоши вести, стигнува повторно од американските институции. Сите 5.561 примероци од електричниот Е-Golf ќе бидат повлечени од пазарот. Причината е најдена во прераното исклучување на заштитната склопка на електричниот мотор. Тоа доведува до “гасење“ на моторот односно до губење на подвижната сила.

Иако причината е банална – во САД електричната мрежа работи под напон од 110 V па затоа се потребни поинаку димензионирани заштитни склопки – зачудувачки делува сознанието како тоа инженерите кои можат да изработат специјален измамнички софтвер за дизелите, да превидат врадување на адекватна склопка?

 

2015-Volkswagen-e-Golf-108-626x382Каде е излезот?

Во секој случај, ова ќе боли. Volkswagen се наоаѓа во проблеми од кои не може да се извлече како “невин“. Дали во блиска иднина ќе се раскажува: си беше еднаш еден … Не тоа сигурно нема да се дозволи, сепак се работи за големи интереси и за економски најсилната држава во Европа.

Веќе започнатата санацијата оди преку редефинирање на страгијата. Акцентот се става на хибридните и електричните возила но тука ги дочекува непријатна средина. Јапонските и јужно корејските (па дури и американските) производители се веќе етаблирани со втора и трета генерација на производи кои на ова поле се стекнати со неспорна технолошка предност.

Од друга страна, се погласно се говори за продавање на групациските марки од товарниот програм (MAN, Scania) потоа за мотоциклистичкиот бренд Ducati, а со акциите во Suzuki тоа е веќе сторено. Никој не верува дека “Volkswagen group“ целосно ќе потклекне, но акционерите се прилично загрижени за вредноста на својата сопственост.

 

 

 

5 Коментари

  1. ZorAn petrov31/03/2016, 22:17 Остави коментар

    Nema pokvalitetni vozila od tie na volkswagen grupacijata. Konkurencijata e mnooogu daleku pod niv

  2. Nikola31/03/2016, 23:55 Остави коментар

    Da se razbereme, VW e izvikana marka na avtomobili koja vo momentot e pregazena na skoro site pazari. Se raboti za brend namenet za srednata klasa koja upotrebuvajki go t.n Germanski kvalitet stana popularna na Balkanot i toa za polovni avtomobili. VW e rekorder po servisiranje vo garanten rok duri i vo Germanija, tuka nema premium kvalitet, nemalo nikogas. Zivee na stara slava na eden motor 1.9 TDI koj veke ne se proizveduva. Ostatokot e katastrofa. Ovde vo Germanija e ;podlozen na golema kritika 2.0 TDI, a posebno turbo benzincite se ziva katastrofa. Ne posakuvam da propadne no, gi ocekuva teski momenti i golem pad na cenite i na novite i na polovnite vozila

    • editor01/04/2016, 11:48 Остави коментар

      Никола ја погоди суштината. Во текстот се наведени проблемите во последните година ипол. И покрај огромната поддршка од германските купувачи, санирањето на проблемите ќе оди многу споро. Златните времиња за компанијата дефинитвно се минато!

  3. Boshko23/01/2017, 20:49 Остави коментар

    A пак за разлика од ѓубрето кое е VW во последниве 20 години , Рено го има подигнато својот стандард и колите им се страшни. Ние во семејството извозивме 2 лагуни по 500 000 километри секоја. Ниту една поправка на двете коли башка од некои ситници како скинат каишот за отварање на прозорците и слични глупости. Вожња на ниво на мерцедес е класа, а пак сите им се потсмеваат на Рено. Па јас друго освен Голф кај нашиве механичари немам видено. Вожњата во VW е како да нема никаква амортизација. VW мотор троши еден куп масло а во Реноата кога го вадевме маслото не беше ни целосно црно. Зошто ги купува некој не ми е јасно…

  4. BOJAN06/02/2017, 14:51 Остави коментар

    ГОЛФОТ Е НАЈКВАЛИТЕТНА КОЛА ШТО СЕ ВОЗИ ВО НАШИ УСЛОВИ ОСОБЕНО ГОЛФ 4 ПОЗДРАВ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?