Внимание – започнува зимската сезона

Внимание – започнува зимската сезона

 

Според нашите прописи од 15 ноември до 15 март трае зимската сезона, период во кој сите возила задолжително треба да носат зимска опрема. Спротивното однесување кон одредбите од Законот за безбедност на патниот сообраќај повлекува мандатна казна од 45 евра односно запишување на 25 негативни поени.

 

1

Иако временските прилики воопшто не наговестуваат “зимски услови“, од 15 ноември започнува обврската за носење на зимска опрема.

Со непридржување на Законот за безбедност на патиштата, возачите ризикуваат да бидат парично или бодовно казнети во износ кој отприлика е на висина на цената за набавка на потребната опрема.

Настрана безбедноста и останатиот фолклор кој се добива како бонус кога снегот ќе ве затече неподготвени.

 

3Што треба да знаете за зимската опрема?

Поради прецизност и доследност, иако со ризик да бидеме досадни, уште еднаш ќе ве потсетиме на законските прописи. Значи, сите возачи на автомобили, мора да имаат:

– зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од четири милиметри (4 mm);

– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

 

2Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира:

– зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри (6 mm);

– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од најмалку четири милиметри (4 mm).

Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

 

mag_houseandhome_hero_carwinterequipmentЗимски пневматици се оние кои на својата бочна страна имаат ознака:

„MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Тоа го велат нашите закони, спортивното однесување повлекува наредби од полициски службеник со кој ве исклучува од сообраќај, згора на тоа ќе бидете приморани да плаќате и глоби.

И не заборавајте: носете и користете зимска опрема. Поради вас самите, поради останатите учесници во сообраќајот и поради безбедноста на сите нас. Впрочем тое е и законска обврска на секој возач.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?