НЕ – за употреба на мултимедијалните системи!

НЕ – за употреба на мултимедијалните системи!

 

Понуда на ново возило без вграден мултимедијален систем се смета како навреда на достигнатото цивилизациско ново. Комбинираниот забавен уред знае на корисникот да му направи добар мерак. Случајно, за момент, да не ја занемаривме безбедноста?

 

При презентацијата на новите модели добар дел од времето маркетиншките промотори трошат на објаснувања на можностите на вградените иновативни и “револуционерни“ мултимедијални уреди. Залудни се очекувањата да чуете нешто ново околу механиката. Наместо тоа ќе ве “удават“ со објаснување за нивниот нов систем во кој на едно место се збутани: радио приемник, CD, DVD, GPS навигација, мобилен телефон, Bluetooth, USB, SD читач, ТВ приемник,…

Боже мој мил и драг, па само за разгледување на можностите на таа опрема потребни се упатства со илјада густо испечатени страни. И згора на тоа со тие уреди треба да командува возачот. И тоа да го прави најчесто при возење, нели?! А каде ја оставаме, на сите страни прокламираната и декларираната, безбедност во сообраќајот! Дали можеби свесно се занемарува најважниот момент од сложениот процес на возење а сето тоа на сметка на економскиот профит на производителот. Ако еден уред од тој тип чини помеѓу 500 и илјада евра, никако не смееме да го занимариме тој факт.

r1Нашето мислење околу употребата, па макар било тоа и само мобилен телефон е – изричита и безусловна ЗАБРАНА. Овој навидум можеби радикално ригиден став го браниме со фактот што воопшто не е важно дали во рака држите телефон или не, во својство на возач сте под големо психолошко влијание на обавените разговори. Затоа силно се залагаме за забрана на употреба на мобилен телефон, за останатите уреди воопшто и не влегуваме во дискусија. Бирање на омилена радио станица пред започнување на возењето и бирање на посакуваната дестинација на навигацискиот уред би било сосем доволно, а што е уште поважно, и безбедно по здравјето на возачот и останатите учесници во сообраќајот. За останатите уреди – строга ЗАБРАНА.

r2

Еве и зошто. Замислете ситуација, да примите порака на мобилен додека претекнувате. А уредот ви овозможува опции да ја слушнете акустично или да ја прочитате на дисплејот. И сега треба при возење да истипкате неколку команди за да дојдете до саканата информација и притоа да не се возбудите премногу од содржината на самата порака. При опишаните дејствија сеуште не сте прекршиле миту еден пропис а вниманието наместо на коловозот ви залутал во некоја друга димензија. Еве, ова е само една мала илустрација со која го поткрепуваме нашиот став.

Во пракса тоа изгледа многу пострашно, новите уреди нудејќи безброј можности ќе знаат да ви направат многу поголема  збунка: при вклучена навигација од која допира гласовна информација, одбрана музика од мобилниот кој е поврзан преку “блутут“, да ви заѕвони “хендс фри“ телефонот!!! Ужас, за возачот а уште повеќе за останатите учесници во сообраќајот. А да потсетиме, оваа реално можна ситуација никаде не е забранета со закон, туку напротив, со вградување на овие уреди се стимулира ваквата можност. Директно одвлекување на вниманието –  скандалозен апсурд.

r3Ете поради тоа сме строго против вгардување на мултимедијалните уреди во возилата. Како за инат, производителите на возила се натпреваруваат кој повеќе ќе ги усложни повеќе-наменските апарати. Згора на тоа и им даваат нагалени комерцијални имиња. Ние тоа го доживуваме како чисто загрозување на безбедното одвивање на сообраќајот. Кој сака да се занимава со електронски играчки може слободно да си купи мобилен телефон или таблет компјутер и да си “игра“ колку сака. Ама во тој случај нема возење. Или соочување со строги санкции, во спротивно, веселата вест примена преку мобилен може во миг да се претвори во трагедија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?