СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Целосно новиот Hyundai Santa Fe и редизајнираниот Tucson претставени во Скопје

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: HyundaiTucson not found
Unite Gallery Error:

Gallery with alias: HyundaiSantaFeSkopje not found

 

„Кореа Ауто Трејд“ домашниот увозник на возилата Hyundai, во сопствен, висок стил го претстави целосно новиот SUV знаменосец, Santa Fe како и редизајниораниот Tucson.

Во Музејот на современа уметност е изложена единствената слика на еден од најголемите светски сликари, Пикасо. Друга таква во Македонија, за жал, нема!

Токму на тој простор, на скопското кале, менаџментот на домашниот увозник реши на публиката да и го претстави целосно новиот Santa Fe, како и освежената изведба на популарниот Tucson. Без да навлегуваме во било какви компарации помеѓу Музејот и Кореа Ауто Трејд, само ќе го истакнеме фактот што автомобилската компанија е една од најстарите увозници во државата.

Дел од атмосферата како помина презентацијата можете да видите од приложените фотографии (и видео материјал). Во нашиот осврт предност ќе му дадеме на помалиот модел.

 

Hyundai Tucson

Претставувањето на благо редизајнериот „Тусон“ беше во сенка на неговиот поголем брат. Тој факт воопшто нема да му пречи во продолжување на одличните продажни резултати.

Извршените промени можеме да ги окарактеризираме како минимални но и покрај тоа најпродаваниот SUV на Hyundai сега изгледа уште поатрактивно.

Дизајнерските интервенции се однесуваат на предната и задната светлосна група како и на промена на обликот на одбојниците. Новина е и прилагодување на сите мотори кон новите Euro 6d TEMP нормите кои на сила ќе стапат идната година.

На прв поглед можеби неприметни но изборот на материјалите во внатрешноста сега е подигнат за степеница повисоко. Тука некаде завршуваат редизајнерските интервенции, но со најновото затегање на борите Tucson сега  изгледа уште поатрактивно, и сигурни сме дека ќе ја продолжи својата успешна приказна.

 

 

 

Hyundai Santa Fe

Santa Fe пред 17 години ја отврори приказната за SUV моделите на Hyundai. Од тој момент па се до сега корејскиот бренд на пазарот пласираше 1.6 милиони примероци од кои четвртина отпаѓаат токму на најистакнатиот претставник, Santa Fe.

Земајќи го предвид одличниот имиџ кој го уживаат производите, четвртата генерација, Hyundai ја сместува во средина на луксузните SUV претставници.

Виското позиционирање потпора наоѓа во високите стандарди користени при изработката, новите маханички решенија, напредните безбедносни системи, примерната просторна понуда, современиот трендсетерски облик.

 

 

Корисниците на целосно новиот SUV-знаменосец на Hyundai ќе може да уживаат во зголемен комфор овозможен од зголемување на надворешните димензии – должина од 4.770 (+70), широчина 1.890 (+10) и меѓуоскино растојание од 2.765 (+65) mm. Изработката и изборот на материјалите јасно даваат до знаење кој е поголемиот брат на Kona и Tucson кои пак во своите класи важат за исклучително квалитетни возила.

Интегралниот пренос е целосно нов и отсега ќе се препознава по комерцијалната ознака HTRACK, при што првата буква е преземена од името на брендот. Во зависност од избраниот начин на возење (Comfort, Eco, Smart или Sport), задната оска може да прими од нула (Eco мод) до 50% (Sport мод) од вртежниот момент кој го испорачува моторот.

Безбедносната опрема заедно со можностите за конективност се содржини според кои се одредеува датумот на раѓање на новите возила. Се разбира и останатите безбедносни системи како што се автоматско следење на коловозната лента, сигнализација за возило во „мртов агол“ детекција на пешаци со автоматско сопирање, … се на списокот на сериска и додатна опрема.

 

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=5Wq_56yMvgk[/tube]

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг