СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Мотоцикли

Essence E-Raw: Француски предлог за „чист“ мотоцикл

 

Релативно непознатиот француски производител, Essence Motorcycles од Лион, на пазарот му понуди екслузивна серија од само 10 примероци на прекрасно дизајниран електричен мотоцикл со автономија од 185 километри.

Еден ден кога ќе снема нафта сите ќе бидеме приморани да возиме на „струја“. Тоа е извесната судбина која не очекува! Но, што ќе прават тогаш заколнатите мотоциклисти кои никако нема да се помират со затварање во четирите автомобилски ѕидови.

Одговорот веќе е подготвен. Essence Motorcycles е една од многуте компании кои веќе неколку години го развива електричниот мотоцикл, E-Raw.

Младиот конструктор (и споственик) Мартин Хулин веќе сериски понуди мини серија (верзија 3.1) од креацијата која ја развива подолго време.

Ова „серија“ сфатете ја само условно бидејќи, барем за сега, ќе бидат понудени само 10 примероци.

Можеби токму поради ограничената серија е формирана и екслузивната цена која изнесува 55К евра.

Во цената покрај напредната технологија е пресметан и радикално новиот дизајн на E-Raw. Обликот на дрвеното седиште која ја прати силуетата, изведен во стилот на даските за сурфање, досега не е виден во светот на возилата со две тркала.

Од класичната техника во мотоциклот ги гледаме решеткастата носечка структура, Ohlins суспензијата како и сопирачките кои ги испорачува Beringer. Моментот на надоаѓачката технологија е запазен со сетот на батерии од Pierre-Yvess кој има капацитет да го движи мотоциклот 185 км, а за чие полнење се потребни само 30 минути.

За да отстраниме било каков знак на скептицизам околу динамиката, E-Raw слободно можеме да го споредиме со класичарите од типот на Yamaha R6 и Ducati Monster 821.

Тоа го дозволуваат коњските сили, 107 на број, како и вртежниот момент од големи 180 Nm. Како за илустрација, од мирување до 100 км/ч мотоциклот стигнува во 3.5 секунди, со Vmax електронски ограничен на 155 км/ч.

Да не заборавиме и на моментот што за возење на E-Raw потребен ви е смартфон – тој служи како инструмент табла!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Мотоцикли