СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Ford Focus: Една основа, многу различни кројки

 

Новиот Focus прави вистински дисконтинуитет во пристапот на градење; врз идентична платформа ќе се градат четиривратни седан и караван како и петвратен хечбек, а сите тие ќе се прилагодуваат на специфичните потреби на купувачите од разни континенти.

Веќе се објавени првите службени (и целосни) фотографии од новиот Ford Focus. Првичните впечатоци говорат за наследник кој без никакви дилеми ги носи гените на својот претходник.

Иако со непроменети димензии, производителот најавува поголем корисен простор во кој ќе може да се ужива во високите технологии.

Во равојот на Focus овој пат се вклучени и бројни досегашни корисници чии сугестии се прифатени и вградени во амбициозно скроениот модел.

Кога велиме скроен, и буквално мислиме на тоа поради фактот што Ford со новиот Focus означува почеток на нова ера во пристапот. Сите модели во иднина ќе користат флексибилна архитектура со унифицирани механички компоненти и опрема, а со специфични модификации ќе се задоволуваат потребите на континенталните клиенти.

Тоа значи дека трите каросериски изведби, во понудата за кинескиот пазар, ќе се комбинираат со 1.0 литарски EcoBoost како и со новиот, посебно преработен 1.5-литарски EcoBoost мотор, додека европските купувачи освен нив ќе можат да изберат и 2.0-литарски EcoBlue дизел.

Опциски, за прв пат, на располагање се става 8-степенска автоматска трансмисија, управувањето е преку прилагодлив електричен серво уред а исполнувањето на возачките амбиции ќе се остварува преку избор на еден од трите мода: Normal, Sport и Eco Mod.

Преку оваа можност се очекува до полн израз да дојдат новата шасија со поголемо меѓуоскино растојание и наново димензионирано потпирање.

Бројните иновативни технологии новиот Focus го оплеменуваат до ниво на средната европска класа, а посветеноста на Ford кон можностите за конективност се изразуваат преку планот за интернет конекција во 90% од актуелните модели до 2020 година.

Новиот Focus своите комуникациски услуги ги оставрува преку вградениот SYNC 3 кој конекцијата со мобилните уреди ја оставрува преку Apple CarPlay и Android Auto платфромите, а информациите ги бележи на 8-инчен екран.

На европскиот и кинескиот пазар Ford Focus се очекува набргу, додека американските купувачи ќе мора да се стрпат до почетокот на идната година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот