СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Совети

Колку троши автомобилскиот клима уред

 

Повисоките температури предизвикуваат загревање на внатрешноста на автомобилот; најчесто поставувано прашање е колку разладувањето на возилото навистина ја зголемува потрошувачката на гориво.

Зголемувањето на надворешните температури драматично влијаат на влошување на амбинетот во возилата. Спасоносното копче кое не враќа во нормала се вика, A/C (Air Condition).

Освен што за кратко време ја нормализира температурата клима уредот се грижи и за прочистување на воздухот кој го дишеме.

Таа убавина си има и своја цена која ја плаќаме преку зголемена потрошувачка на гориво. Одговорот на прашањето колку навистина не чини употребата на клима уредот е малку посложен и не може да се поедностави со единствен одговор за сите возила.

Во принцип, за работа на клима уредите потребни се помеѓу 5 и 10 КС. Колкав процент е тоа од максималната силина на возилото пред сé зависи од вградениот мотор но и од режимот под кој се употребува возилото.

Пример: Ако возилото располага со максимални 100 КС а за работа на клима уредот се потребни 7.5 КС тоа значи дека пропорционално на тоа би се зголемила и потрошувачката. Но внимавајте, тоа е случај само кога се возилото со вози под максимален број вртежи.

Во реалноста тоа е ретка појава па токму затоа и потрошувачката на гориво е поголема од очекуваното. Поготово тоа се однесува при возење во урбани средини при што пријатната клима во возилото може да ја платиме и со зголемена потрошувачка од цели 2 литра на час.

Возењето на отворен пат во просек голта од 0.2 до 0.4 литри на час, а тоа најмногу поради повисоките режими под кои работи моторот.

Потрошувачката ја изразуваме со литри на час поради тоа што рачунањето на прејдени километри е многу релативно. Екстремна ситуација е кога возилото стои на место а климата работи, па вредностите за потрошувачката се нереално високи.

Од кажаното можеме да заклучиме дека пријатната температура во возилото си има и своја цена. А колкава е таа најмногу зависи од возилото но и од режимот под кое тоа се вози. Генерално, возилата со посилни мотори, помалку ќе ја почуствуваат употребата на клима уредот, додека тие со послаби мотори ќе мора да се помират со побрзо празнење на резервоарот.

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Совети