СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Авто Спорт

Mercedes -AMG F1 Team: Нови правила, нови решенија, шамионски амбиции

 

Минатогодишниот шампион и покрај многуте негодувања околу новите правила и новата регулатива, е целосно подготвен за атак кон нова титула.

Кога техничкиот директор на Mercedes -AMG, Џејмс Алисон ќе се најде помеѓу F1 болидите од 2017 и 2018 година, приликата да се слушнат разликите е единствена.

Како што објаснува првиот човек задолжен за техничкиот развој на болидот кој минатата година ја заврши со убедлива предност пред конкурентите, највидливите разлики се однесуваат на надворешниот изглед.

Обврзувачката безбедносна мерка за вградување на механичка заштита на пилот, тнр. HALO систем е најголемата промена во однос на досегашните болиди. Покрај него целосно е отстрането и Т-крилото кое се вградуваше веднаш зад надолжната вертикална перка која го покрива моторот. Наместо тоа сега перката е многу пократка што резултира со сосема нов страничен изглед.

Од огромниот број извршени подобрувања Алисон ја истакнува страничната подница која сега е многу потенка, а која заедно со новиот облик на предната геометрија на потпирачките елементи и нивно поставување на поголема височина создава далеку поголема потисна сила. Видно подобрената аеродинамика секако се очекува да го даде пресудниот придонес кон подобрување на перформансите.

Погледнете го видеото и објаснувањето на првиот инженер на Mercedes-AMG и неговата убеденост во одличната работа која ја завршил неговиот развоен тим во подготвителниот период.

 

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=nfBOxwSNg6s[/tube]

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Авто Спорт