СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Mercedes-Benz C-Class: Обновување на бестселерот

 

На 88-то издание на автомобилскиот салон во Женева, Mercedes-Benz имаше импресивен настап. Премиерно беа прикажани обновената C-Class, потоа новата A-Class, G-Class, сосема новиот модел AMG-GT Coupe со 4 врати и првото пикап возило,  X-Class со мотор со 6 цилиндри и постојан погон на 4 тркала.

AMG C43

Во 5-та година од производство на најновата генерација, C-Class како најуспешен сериски модел на производителот од Штудгарт, се појавува во обновено издание, кое содржи значајни промени.

Електрониката на возилото е целосно нова и вклучува Multibeam LED предни светла со опцијата Ultra Range со автоматско нивелирање на долгите светла. Исто така, извршени се корекции на изгледот на предниот и задниот одбојник, како и LED графиката на задните светла.

Сега на располагање се ставаат две нови бои, Mojave Silver и Emerald Green metalik, како и нов изглед на алумниумските тркала.

Внатрешноста на возилото поседува дигитална инструмент табла, рестилизиран мултифункциски управувач, како и 7 и 10.25-инчен екран, унапреден Comand infotainment систем, како и нови функционални и естетски елементи, како што се украсното дрво и сосема нови седишта, кои вклучуваат и опција за масажа.

Новата C-Class може да се порача и со добро познатиот Intelligent Drive систем позајмен од E-Class, кој овозможува полу-самостојно возење.

Инаку, на салонот во Женева, премиерно се претставени и два спортски модела од AMG, односно Mercedes-AMG GT Coupe со 4 врати и AMG C43 со моќност од 362 КС, кој забрзува од 0 до 100 км/час за само 4,6 секунди.

Европска премиера имаше и легендарната G-Class, а за првпат пред публиката во Швајцарија е претставена и новата A-Class, која се смета за технолошки најнапреден модел во Ц-сегментот на возила.

 

C – Class

 

A – Class

 

G – Class

 

X – Class

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот