Renault се простува од своите дизели

Renault се простува од своите дизели

 

Прославениот 1.5 dCi дизелски мотор кој е вградуван во повеќе од 40 групациски модели, поради престојните еколошки норми, постепено ќе биде повлечен од понудата на Renault.

Еден од најдоверливите и најекономичните дизелски мотори кои воопшто се појавиле на пазарот, се чини дека ги живее своите последни години.

Поради општата анти-дизел хистерија, Renault дефинитивно планира повлекување на својот најбаран мотор,а причината може лесно да се наслути – еколошките стандарди!

Иако е многу тешко да се најде замена за таков технолошки бисер, сепак до потполната електрификација, французите имаат прифатливо меѓурешение. Тие во своите најпродавани модели кои се опремени со бензиски мотори, фабрички ќе вградуваат плински уреди.

Овие уреди најпрвин ќе се вградуваат во Clio и Twingo за потоа гасификацијата да се прошири и на останатите модели. Групациските модели на Nissan и Dacia кои до сега беа опремувани со истиот дизел мотор, ги чека слична судбина, со таа разлика што можеби плинските уреди кај нив ќе бидат вградувани уште пред почеток на летото.

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?