Honda Insight Concept: Трета хибридна генерација

Honda Insight Concept: Трета хибридна генерација

 

На претстојниот салон во Детроит, Honda ќе го претстави новиот хибриден седан со два мотори – сериската изведба се очекува наредното лето.

Во намерите за намалување на штетните издувни гасови, а до целосна електрификација која Honda планира да ја изведе до 2030 година, на наредниот автомобилски салон 2018 NAIAS (Детроит) ќе биде претставена третата генерација на хибридот, Insight.

Уште од претставувањето на првата генерација кое се случи во 1999 година, хибридот механички силно потпрен на серијата Civic, ја најави посветеноста на јапонците за сочувување на природната средина.

Во основа на хибридната технологија која ја развива Honda лежи вградувањето на два мотора односно комбинацијата на еден бензиски и еден електромотор.

Спецификата во однос на останатите системи се состои во фактот што електромоторот (во втората генерација имаше силина од 10.4 kW – 14 КС) е поставен на самото коленесто вратило, односно дека работи во серија со бензискиот мотор.

При градски услови на возење овој систем дава одлични резултати поради ниската ангажираност на бензинецот додека при поголеми оптеретувања кога моторот работи на повисоки вртежи придонесот на електромоторот е сразмерно мал.

Технички податоци околу вградената технологија во третата генерација на Insight, фабриката сеуште не соопштува, но знаејќи го високиот степен на технолошкото ниво со кое располага Honda, не се исклучуваат и некои нови решенија.

Во секој случај од идното лето на некои светски пазари (освен европскиот) ќе биде понуден нов хибрид кој во естетска смисла ќе биде силно потпрен врз веќе применетите решенија кај седанската изведба на Civic.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?