Одредени финалистите на годинешниот избор за Автомобил на годината во Македонија

Одредени финалистите на годинешниот избор за Автомобил на годината во Македонија

 

Стручното жири за Избор на автомобил на годината во Македонија во рамки на своите активности за годинешниот избор ја објави листата на финалисти кои ќе конкурираат за најпрестижната титула во земјата.

Веќе е позната листата од десет автомобили кои годинава ќе конкурираат за престижната титула, Автомобил на годината во Македонија. Националното стручно жири годинава се соочи со прилично тешка задача. Напливот на нови возила на нашиот пазар, кои конкурираат за влез во потесниот избор, задачата ја направи речиси невозможна.

Сепак, земјаќи ги предвид утврдените критериуми, како и исполнувањето на основните услови за конкурирање, Жири комисијата во состав Агрон Сулејман, Лупчо Михајловски, Владимир Ристовиќ и Горан Антевски (претседател) се реши за следните возила:

– Suzuki Swift

– Seat Ibiza

– BMW X3

– Ford Fiesta

– Opel Insignia

– Kia Stinger

– Nissan Micra

– Citroen C3 Aircross

Kia Stonic

– Dacia Duster

Во оваа конкуренција очигледно најбројни се претставниците од „Б“ сегментот, и секако СУВ/кросовер возилата, но не недостасуваат и седаните од средната класа. Без разлика на тоа според критериумите на Жирито секое возило се оценува во рамки на припаѓачката класа па оттука произлегува и рамноправниот третман и шансaта за победа на секој од номинираните кандидати.

Активностите околу Изборот за 2018 година продолжуваат со одредената динамика при што се предвидени дружења со финалистите во смисла на подетално запознавање со сите кандидати.

Да потсетиме дека носител на титулата Автомобил на годината за 2107 е Kia Sportage.

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?