Претставена новата генерација на BMW X3

Претставена новата генерација на BMW X3

 

Третото поколение на баварскиот адут, во Македонија пристигнува со палета од два дизелски и три бензиски мотори со распон на силина помеѓу 190 и 360 КС.

Изминативе 14 години од појавувањето на првиот BMW X3, кај кој вообичаената кратенка SUV (Sport Utility Vehicle) беше замени со SAV (Sport Activty Vehicle), за BMW значеше продажба на преку 1.5 милиони единици.

Третата генерација, која сега настапува, го носи бремето на воспостваување на нови стандарди во класата. Токму така како што тоа го направи и првниот модел со ознаката X3.

Иако на прв поглед естетските разликите со претходникот се сведуваат на благ редизајн, сепак суштествените разлики се добро сокриени под умешно скроената кожа.

За придвижување на олеснетата каросерија, се грижат неколку веќе добро проверени прополузии.

За лубителите на дизелот минхенскиот производител нуди два линиски мотори од кои помалиот (190 КС) брои четири додека поголемиот шест цилиндри (265 КС).

Од познатата палета на бензиски мотори, највозбудливо звучи понудата на BMW X3 M40i  кој ослободува цели 360 КС. Во случајот “М“ – перформасните подразбираат електронско ограничување на брзината на 250 км/ч – инаку моторот може и подобро од ова!

Погонот на двете оски се подразбира, но тоа што изненадува е основното ниво на опременост кое запонува со стандардниот автоматски менувач со 8 степени.

На вградување на бројни безбедносни и сигурносни системи инженерите од Минхен одамна ги имаат навикнато своите корисници.

Сепак, за да не биде се така предвидливо, новиот X3 има можност за автоматски копилот кој ќе се погрижи возачот да ги добие сите информации за превенирање на можната опасност.

Вградувањето на мноштвото нови технологии заедно со високото ниво на стандардна опрема си има и своја цена. А за неа најдобро да се обратите во М-Кар кој е задолжен за увоз на баварските возила на нашиот пазар.

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?