Киа Моторс Македонија со нов продажен салон во Штип

Киа Моторс Македонија со нов продажен салон во Штип

 

Домашниот увозник на возила од програмата на Kia започнува со формирање на мрежа од сопствени претставништва низ поголемите центри на државата.

Пред глобалната финансиско-економска криза сите поголеми домашни увозници ја дисперзираа својата продажна мрежа низ државата.

Со драматичниот пад на продажбата на нови возила, потребата од постоење на овие салони стана економски неоправдана. Последиците беа лоши, дилерска мрежа речиси се угаси.

Но за среќа се чини дека стануваме сведоци на пооптимистички денови за продавачите на нови автомобили. Добар знак во тој правец е отварањето на претставништво на Kia во Штип.

Како што наведува редот, на отварањето на продажниот салон кој се одвиваше во присуство на гости и претставници од локалните медиуми, присуствуваше и комплетниот менаџмент на Киа Моторс Македонија.

На одлично уредениот продажен салон, освен актуелната гама на возила, беа изложени и светските премиери, моделите Stonic и Stinger кои му се придружија на свежо претставениот Rio.

Кога кон овие три новитети ќе се придодадат и апсолутниот светски хит, SUV-от Sportage и докажаниот компакт Ceed, тогаш  пред лубителите на марката се поставува вистинската дилема за кое од наведените модели (сите одред покриени со 7-годишна гаранција) да се одлучат.

Владимир Билбилов, во својство на генерален директор на домашниот увозник, најави дека салонот во Штип е прв од неколуте салони чие отварање е предвидено за идната година.

“Со отварањето на продажниот салон (наскоро се очекува и отварање на сервисен центар) на купувачите од регионот им овозможуваме еднаков квалитет на услуга кој го нодиме и во централата во Скопје“ – ќе додаде Билбилов.

Со оваа реченица во целост е сублимиран пристапот кој го негува Киа Моторс Македонија во третманот на своите клинети.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?