Aston Martin Vantage V8: Британски поздрав за Ferrari и Porsche

Aston Martin Vantage V8: Британски поздрав за Ferrari и Porsche

 

Името Vantage, Aston Martin го комерцијализира 1951 година кога серискиот DB2 наместо стандардниот мотор од 106 КС добива појачана веризја од 127 КС. Најновиот, 2018 Vantage, ја продолжува славната британска традиција.

Омилениот автомобилски бренд на Џемс Бонд може да се пофали со богата историја во спојување на луксузот и спортот.

Најкомпактниот модел помеѓу славните британци (447 x 194 x 127) cm, иако користи идентична платформа со DB11, сепак делува исклучително моќно.

Технолошкиот аспект ќе ги воодушеви лубителите на спортот спакуван во луксузно пакување. V8 моторот користи Twin Turbo технологија, и од 4.0 литри волумен ослободува 510 КС.

Погонот на задната оска се пренесува преку 8 степенски ZF менувач,  а применетата архитектура овозможува идеален, 50:50 распоред на тежината по оски.

Шасијата изработена од карбонски влакна и кевлар тежи скромни (за оваа класа) 1.530 kg податок што на Vantage му овозможува извонредна динамика.

Максималната брзина од 314 км/ч и забрзувањето до првата стотка за 3.6 секунди ќе ги задоволат и корисниците со изразено спортски амбиции.

Кога ќе се погледнат овие бројки, се поставува дилемата: дали е тоа автомобил за секојдневие што може за викенд да се користи на тркачка патека или пак тркач со кој може да се учествува во јавен промет.

Околу есетеските импресии не би дискутирале многу (погледнете ја галеријата подолу), освен можеби изгледот на задниот дел кој за прв пат го сретнуваме кај еден Aston Martin.

Организацијата на внатрешноста е типична за британската традиција и квалитет на рачна изработка на строго избирани материјали.

Наместо набројување на вградената опрема, ќе напоменеме дека таа спаѓа во категоријата, се што има логика да се вгради во лусузен спортист, го има и во новиот Vantage.

Поздравите и честитките од Aston Martin се адресирани кон Ferrari и Porsche.

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?