Mini John Cooper Works Buggy: Заден погон за освојување на Dakar 2018

Mini John Cooper Works Buggy: Заден погон за освојување на Dakar 2018

 

Покрај стандардната изведба на Mini Rally, на годинешното издание на Dakar 2018 ќе се појави и изведбата Buggy која има погон само на задната оска.

Британците од Mini и германците од специјализираната компанија X – raid низа години успешно соработуваат во изработка на специјализирани возила со кои се натпреваруваат на Rally Dakar, најтешкиот рели натпревар на светот.

Победите од 2012 до 2015 година силно обврзуваат па затоа соработниците решија да понудат нешто ново.

Во полниот назив на напреварувачот Mini John Cooper Works Buggy, зборот Rally е заменет со Buggy.

Мала формална разлика која во себе крие суштински поинаков карактер. Имено, Buggy, за разлика од својот оригинал, има пренос само на задната оска.

Дали пресудно влијание при ослободувањето од пренос на предната оска има успехот кој го постигнува Peugeot DKR кој користи токму таква технологија, останува само како тема за шпекулација.

За погон на Mini John Cooper Works Buggy конструкторите го употребуваат добро познатиот шестцилиндерски агрегат на BMW кој има линиски распоред на цилиндрите.

Стандардно, од 3.0 литри работен волумен моторот ослободува 340 КС и момент од големи 800 Nm.

Темелените тестови направени по тешки теренски услови во Унгарија и Мароко покажаа дека каросеријата од карбонски влакна и кевлар со леснотија излегува на крај со сите предизвици.

Дали тоа ќе биде доволно за освојување на годинешниот, 40-ти по ред Dakar, ќе дознаеме на 20 јануари откако во Кордоба, Аргентина, ќе биде завршена последната етапа на Dakar 2018, .

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?