Како да се продаде Honda Accrod од 1996 година?

Како да се продаде Honda Accrod од 1996 година?

 

Обидот да и помогне на својата девојка во продажбата на користена Honda Accord за малку ќе завршеше со изненадувачка цифра.

Кога девојката на извесен Макс Ланман решила да ја продаде својата Honda Accord произведена во 1996 за цена од $499, тој решил малку да помогне за да се подигне цената на барем $1.500.

Помошта на момчето, инаку режисер по струка, се состоела во изработка на видео спот кој потоа го поставил на Youtube. При изработката на спотот нему му помогнале другарите со тоа што за читање на гласот го ангажирал својот сосед.

За само неколку дена спотот станал вирален – го погледнале повеќе од милион луѓе (сега бројката се движи околу шест милиони прегледи), па веднаш паднал предлог за поставување на акуција на eBay.

Почетната цена од 499 долари вртоглаво почнала да се зголемува и по постигнување на нереалните 150 илјади, била прекината од организаторот.

Кога веќе продажбата на Honda Accrod од 1996 година добива епски димензии, вистинската сума за која е продадено возилото станува предмет на многу шпекулации, но се чини дека сепак најреална е сумата од 5.100 долари која е понудена од анонимен купувач.

Да го погледнеме заеднички видеото кое е најзаслужно за виралниот интерес предизивикан од продажба на возило кое е старо над 21 година.

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?