Opel Grandland X: Германец со француски манири

Opel Grandland X: Германец со француски манири

 

Во септември годинава, Opel го претстави, Grandland X, третиот член на X-семејството, со амбиција да зафати што поголем колач од 20 процентниот пазар на СУВ возила.

Заборавете на Antara, во сегментот на SUV возила со компактни димензии Opel отсега ќе настапува со Grandland X. Дисконтинуитетот со номенклатурата свое оправдување наоѓа во целосно новиот пристап.

Ако Antara беше развиена во соработка со тогаш сестринскиот Chevrolet (како членки од GM групацијата), сега приказната добива нова димензија.

Од минатата година Opel стана дел од франсуската PSA (Peugeot, Citroen) групација, па токму тоа е причината за француски вкус во германскиот традиционалист.

Тој факт никој и не се обидува да го сокрие: Peugeot 3008 и Grandland X се развиени врз заеднички основи. Знаејќи го поведението на повеќето светски производители тоа и не преставува некој исклучок.

Погледот на табелата со технички податоци ни открива низа интересни детали: на меѓусокино растојание од 2.675 mm поставена е каросерија со димензии (4.477 x 1.844 x 1.636) mm.

Големиот багажник кој во основна конфигурација брои 514 а со спуштени седишта дури 1.652 литри јасно укажува на вистината која говори дека терминот „караван“ е исмислен токму од Opel.

Некому можеби ќе му делува разочарувачки податокот за неможноста Grandland X  да се добие со интегрален погон, но (засега) тоа е така.

Како замена за него Opel нуди селектор на предниот погон кој со контрола на пролизгувањето на погонските тркала и чувствителноста на гасот, придонесува за зголемување на проодноста.

Производителот верува во ова решение па оди до таму што истакнува дека во комбинација со зимски пневматици воопшто нема да се почуствува отсуството на погонот на сите тркала.

Ако го прифатиме ова објаснување, поевтината изведба и поекономичното возење уште повеќе ќе ги почитуваме.

Во поглед на опременоста нема некои поголеми изненадувања. Сите помагала кои ги знаеме од сегментот кој се протега од Astra па се до Zafira се имплементирани и во Grandland X.

Убаво е да се знае дека вградените седишта се со AGR – сертификат, односно дека се препорачани од германската национална агенција за здравје.

Пазарот на SUV возила во 2010 изнесуваше 7% од вкупната продажба, додека минатата година тој процент се искачи на над 20%. Колку од него ќе зафати Opel со своите три X-претставници набргу ќе се дознае.

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?