Opel Ampera-e е добитник на наградата “Das Goldene Lenkrad”

Opel Ampera-e  е добитник на наградата “Das Goldene Lenkrad”

 

Престижната нагарада “Das Goldene Lenkrad” која ја доделува германски Auto Bild, во сегментот на мали и компактни возила е доделена на опеловиот електричен автомобил, Ampera-e.

Во предвечерјето на објавување на стратешкиот планот на Opel, кој сега ќе функционира во рамки на PSA групацијата, угледниот Auto Bild ги објави добитниците на “Das Goldene Lenkrad” (Златен управувач) наградите.

Во сегментот на мали и компактни возила нагарадата на жирито составено од читатели, експерти и познати личности, ја освои Opel Ampera-e.

Една од најпрестижните награди на германската автомобилска индустрија отиде во рацете на целосно електричното возило на Opel, пред се поради револуционерната технологија, нултото загадување и автономијата од преку 500 километри.

На свеченоста орагнизиранa од страна на Auto Bild и Bild am Sonntag одржана во Верлин, наградата ја прими Кристијан Милер, управeн директор на инженерингот во Opel.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?