Giannini 350 GP4: Болид инспириран од Fiat 500

Giannini 350 GP4: Болид инспириран од Fiat 500

 

По повод 100 годишнината од постоењето, Giannini италијанската „работилница за емоции“, врз база на Fiat 500 конструира вистински болид со интегрален погон и 350 КС.

Giannini има убав повод за славење. Еден век постоење мора достојно да се одбележи – конструирањето на GP4 болид се чини како одлична идеја.

Со изглед кој недвосмислено асоцира на Fiat 500 но и со бројни каросериски и механички измени, Giannini во соработка со Gram Torino Engineering, се нафати на обработка на вечната тема: Fiat 500.

Одважниот модел претставен пред љубителите на италијанскиот авто-спорт ќе се пропознава по ознаката Giannini 350 GP4. Веднаш паѓа во очи бројката, која секако нели, гордо го означува бројот на коњските сили впрегнати во малото градско возило.

За да ја личи работа, моторот е вграден во задниот дел а погонот е на двете оски. Инаку тој е позајмен од Alfa Romeo 4C, факт кој на самиот старт буди позитивни вибрации.

Неопходните промени на лесната каросерија од карбонски влакна (само 1.250 kg) ја даваат потребната агресивност на изгледот но истовремено се ставени и во служба на применетата технологија.

Внатрешноста фасцинира на свој начин, а интересно е што и покрај моторот кој е сместен позади, сепак е најдено место за четири патници.

Покрај прекраснотијата со која се каракеризира појавата, Giannini 350 GP4 е подготвен за натпреварувачката GP4 серија. Со задоволство би ви ја соопштиле и цената со која пол позицијата ви е загарантирана, но од Giannini сеуште нема таков податок.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?